Европското првенство (ЕП) во ракомет ќе се игра во шест германски градови, во пет сали и на стадионот во Дизелдорф. Сите пет сали се со капацитет од над 10.000 гледачи, што е евро-рекорд.
Најголемата сала е во Келн, каде што 12 години се игра фајнал-фор турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ). Таму ќе се игра финалето на првото ЕП чиј домаќин е Германија.
Покрај отворањето на ЕП во Дизелдорф, Берлин, Манхајм и Минхен ќе бидат домаќини на натпреварите во по две групи.
Дизелдорф: арена „Меркур Шпил“ (капацитет 54.600 места). Два натпревара од 1.коло во групата А
Берлин: арена „Мерцедес Бенц“ (14.800). Групи А и Д
Манхајм: арена „САП“ (13.200). Групи Б и Е
Минхен: „Олимпијахале“ (12.150). Групи Ц и Ф
Хамбург: арена „Барклис“ (13.300). Група 2, од втората рунда
Келн: арена Ланксес (19.750). Група 1. од втората рунда и финалето