Емполи во финишот го шокираше Сасуоло

Екипата на Емполи стигна до трите бода во финишот од натпреварот на гости кај Сасуоло. Емполи успеа дури од третото водство да обезбеди триумф, и да се радува на бодовите.

Луперто во 11. минута од средбата донесе предност за Емполи, за потоа Пинамонти во 54. минута израмни. Нианг од пенал во 64. минута донесе нова предност, а Ферари во 77. минута донесе второ израмнување.

Бастони во четвртата минута од судиското надополнување донесе трето водство и победа за гостите во битката за опстанок.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО