Ракометна машка репрезентација на Македонија се наоѓа на 19-то место на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Тоа е пад за едно место во однос на рангирањето кон крајот на јуни.
Тоа значи дека Македонија противниците во квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2026 година што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, ќе ги чека од вториот шешир.
На врвот на ранг листата на ЕХФ се наоѓа европскиот вицепрвак, Данска, потоа следува европскиот шампион, Франција, па Шведска како трета. Натаму се Германија, Шпанија, Норвешка, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија итн.