Една од најдобрите на сите времиња најави крај на кариерата!

Американската фудбалерка, Алекс Морган денеска објави крај на играчката кариера. Одлуката Морган (35) ја објави преку видео на социјалната мрежа Х.

„Фудбалот е дел од мене веќе 30 години, и тоа беше една од првите работи во кои се заљубив. Дадов се’ за овој спорт и она што го добив за возврат е повеќе отколку што некогаш можев да сонувам.

Успех за мене се дефинира со тоа што никогаш не се откажувам и давам се’ од себе“, објави Морган појаснувајќи дека е бремена и оти го чека второто дете.

“Јас сум бремена. Колку и да е ова неочекувано, ние сме пресреќни. За мене семејството е сè, не би била тука без мојот сопруг и без семејството. Ме креваат, ме мотивираат, охрабруваат, расположуваат и се жртвуваат за мене во последните 15 години како професионален спортист“, додаде Морган која последниот натпревар за нејзиниот клуб Сан Диего вејв ќе одигра в недела.

Морган освои две Светски првенства (СП) во 2015, 2019-та и златен медал на Олимписките игри (ОИ) 2012 година со репрезентацијата на САД, за која забележа 224 настапи и постигна 123 гола.

Поголемиот дел од клупската кариера го мина во САД, а во Европа играше за Лион и за Тотенхем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО