Едерсон ги загуби нервите, па демантираше: Tоа се обични лаги во медиумите!

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, реши да даде официјално соопштение во кое ги демантира натписите на дел од медиумите, а тоа е дека бил лут на Пеп Гвардиола, што тренерот на Сити многу го фалел голманот Стефан Ортега.

Ова лето Едерсон беше доста поврзуван со заминување од Етихад, а се уште не е јасно дали и следната сезона ќе биде член на Манчестер Сити.

За него во моментот постои интерес од Саудиска Арабија, а наводно тимот на Ал Итихад го посакувал во свои редови и за таа намена, биле подготвени да издвојат 50 милиони фунти.

Многу се пишуваше за Едерсон низ британската штампа, па тој дефинитивно реши да ја пресече „линијата на лагата“ како што самиот рече претходно, со официјално соопштение.

– Сакам да ги разјаснам работите, односно она што беше претходно објавено што се однесува до мене и наводната расправија со мојот колега. Тоа е тотална лага, тоа беше најтежок ден во мојата кариера, затоа што доживеав повреда која ме спречи да настапувам и да ја претставувам својата земја на Копа Америка, порача Едерсон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО