Еберл: Кејн е подготвен за новата сезона, на Сане му треба уште одмор

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, изјави дека Хари Кејн може да игра на 16 август против второлигашот Улм во Купот на Германија додека Лерој Сане, ќе мора да одмора уште извесен период.

– Лерој треба да се опорави 100 отсто од повредата на препоните и операцијата. Хари е разочаран од поразот во финалето на Европското првенство, но повредата за него е минато. Тој е професионалец кој знае како да постигнува голови, како што покажа и во минатата сезона, нагласи директорот на Баварците.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО