Е Пелистер се засили крило од БиХ

Македонскиот тим Е.Пелистер, го претстави своето ново засилување за следната сезона.

Во Битола доаѓа талентираниот босански ракометар Едвин Џелиловиќ.

Се работи за 23-годишно десно крило, кое во битолскиот суперлигаш ќе пристигне од редовите на Извиѓач.

Едвин Џелиловиќ ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27 во јули годинава.

Џелиловиќ е третото засилување на пелистерци за следната сезона, откако претходно договорени беа трансферите на Миха Котар и Мартин Серафимов. Во Битола доаѓа и легендарниот Лино Червар, како тренер на екипата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО