Ракометарите на Е. Пелистер излегоа како победници од клучната битка на гостувањето против Охрид (22-25), триумф со кој битолските „зелено-бели“ направија клучен чекор за освојување на второто место кое значи и загарантиран пласман во ЕХФ Европската лига.
Никола Митревски беше херојот со 16 успешни интервенции, додека во нападот најефикасни беа Радивојевиќ со осум и Кузмановски со четири погодоци.
На спротивната страна, Пилиповиќ собра 11 одбрани за Охрид, додека прв стрелец на овој тим беше Јасухира со пет постигнати гола.