Двојна победа на Бастиjанини во Силверстон

Возачот на Дукати Леново, Италијанецот, Енеја Бастијанини, победи на Големата награда (ГН) на Велика Британија за импресивен двоен триумф (победи и на саботниот спринт) на патеката во Силверстон.

Италијанецот беше подобар од лидерот во Мото ГП првенството, Шпанецот, Хорхе Мартин од Прима Прамак, и од бранителот на титулата, Франческо Бањаја кој беше беше трет.

Италијанецот, Бањаја стартуваше одлично, го мина Алекс Еспаргаро уште во воведниот круг, пред Шпанецот Мартин да ја преземе контролата и да избие на челната позиција. Мартин направи голема грешка во завршната фаза од трката, што ја искористи Бастијанини.

Мартин е водечки во првенството со 241 бод, три повеќе од Бањаја. Трет е Бастијанини со 192 бода. Следната трка за ГН на Австрија ќе се вози на 18 август.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО