Двајца репрезентативци отпаднаа за стартот на циклусот за СП 2026 година

Селекторот на македонската сениорска фудбалска репрезентација Благоја Милевски после првиот тренинг се соочи со проблеми поради повреди на двајца фудбалери.

Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.

Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.

Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО