Јувентус во официјално соопштение ги објави резултатите од медицинските прегледи на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, по вчерашниот натпревар против Џенова во италијанското првенство.
Клубот објасни дека Влаховиќ почувствувал болка во левиот лист за време на загревањето пред второто полувреме, додека се подготвувал да влезе во
-
игра на местото на Џонатан Давид.
Играчот оваа утро бил подложен на детални медицински прегледи во центарот „Ј Медикал“, каде резултатите покажале мало кинење на солеусот на левата нога.
Според медицинските проценки, паузата на Влаховиќ би можела да трае од две до три недели, што е вообичаен период за вакви полесни повреди, во зависност од реакцијата на играчот на третманот.