Дуел на гиганти: Ливерпул и Јувентус се борат за Серге Гнабри

Ливерпул и Јувентус се два клуба кои најсилно притискаат за ангажман на крилниот напаѓач на Баерн Минхен, **Серге Гнабри**, пренесуваат медиумите во Германија. Искусниот Германец се приближува до крајот на својот договор со баварскиот гигант и сè поизвесно е дека во летниот преоден рок ќе побара нова средина.

Гнабри одамна е на радарот на Ливерпул, кој гледа во него идеално офанзивно засилување за следната сезона. „Црвените“ се подготвени да влезат во преговори веднаш штом Баерн даде зелено светло, а голема предност им е финансиската стабилност.

Јувентус, пак, е сериозно заинтересиран, но во Торино се свесни дека високата плата на Гнабри може да претставува голема пречка. Сепак, „Старата дама“ сака да ја обнови офанзивната линија и Гнабри се смета за еден од приоритетите.

Баерн се уште не донел конечна одлука за неговата иднина, но доколку не се постигне договор за нов контракт, клубот ќе биде приморан да го продаде за да избегне да замине без обештетување.

Трката е отворена, а одлуката на Гнабри се очекува во наредните месеци.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО