Италијанскиот фудбалски клуб Удинезе ќе ги забрани доживотно навивачите кои на натпреварот во сабота на расна основа го малтретираа голманот на Милан, Мајк Манион.
Натпреварот во саботата беше два пати прекинат бидејќи неколку навивачи на Удинезе имитираа мајмун и го навредуваа Манион.
Тој го напушти теренот со соиграчите кога тоа го забележа.
-Работиме да ги најдеме одговорните, може да има само двајца или тројца. Немаше скандирање, бидејќи ниту судијата ниту обвинителството не ги забележаа, рече Колавино.
Тој истакна дека клубот има право да одбие влез на проблематичните навивачи и ќе бара доживотна забрана.
Фудбалскиот свет го поддржа голманот на Милан, вклучувајќи го и Умберто Калкањо, претседател на здружението на играчи во Италија.