Довбик се договорил со Рома, „волчицата“ понуди 32 милиони евра

Италијанскиот прволигаш Рома испрати официјална понуда до Џирона за потписот на украинскиот голгетер Артем Довбик.
Според информација на италијански „Скај“, понудата на римјаните изнесува 32 милиони евра + бонуси. Претходно Довбик се договори за личните услови од договорот со Рома, со што дефинитивно ја прекина рундата преговори кои претходно го имаше со екипата на Атлетико (М).

„Јорганџиите“ се сметаат за главен фаворит за неговиот потпис, но Довбик не бил задоволен од понудените услови, во споредба со она што го добил од Рома.
Минатата сезона Довбик одигра 41 натпревар, постигна 25 голови и имаше 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО