Лука Дончиќ одигра натпревар под својот просек, а Далас маверикс загубија од Оклахома Сити тандер со 104:118 во четвртфиналето од НБА купот.
Тандер ќе патува за Лас Вегас каде ќе го чека победникот од мечот меѓу Хјустон рокетс и Голден Стејт вориорс. Пласман во полуфиналето од НБА купот обезбеди и Милвоки бакс со победата против Орландо меџик од 114:109.
Шај Гилгџес-Александер ги предводеше Тандер со 39 поени, осум скока и пет асистенции во натпреварот во кој неговиот тим го презеде водството доцна во првата четвртина и го задржа до крајот на натпреварот. Џејлен Вилијамс додаде 18 поени.
Дончиќ за 40-те одиграни минути беше запрен на 16 поени, со лоши 5/15 удари од поле. Имаше 11 асистенции, пет скока, четири украсени, но и шест загубени топки. За него особено разочарувачко беше првото полувреме, кое го заврши со 1/7 шута и само два поена. Клеј Томпсон и Наџи Маршал постигнаа по 19 за Далас.
Бакс предводени од Јанис Антетокунмпо кој даде 37 поени го запреа Орландо. Демијан Лилард додаде 28, од кои девет во последната минута, а Боби Портис, 22 коша со 10 скока.
За пласман во финалето Бакс ќе игра против подобриот од натпреварот Њујорк никс – Атланта хокс. Кај Орландо најдобар беше Џејлен Сагс со 32 поени и девет скока.