Добри вести за Ливерпул. Двајца првотимци повторно тренираат!

Фудбалерите на Ливерпул одмораа викендот, Арсенал и Манчестер сити потфрлија, но добрите вести за „црвените“ не завршуваат тука.

Како што откриваат извори од Островот, Алисон Бекер и Диого Жота почнале редовно да тренираат со остатокот од тимот и се очекува да бидат во комбинација за вечерашното гостување кај шпанската Џирона во Лигата на шампиони (ЛШ).

Она што е уште поважно е што тие се враќаат пред традиционално напорниот и пеколен празничен период до крајот на 2024-та и почетотокот на 2025 година.

Ова е особено важно затоа што отсуствуваат некои важни играчи како Конате и Конор Бредли кои нема да играат до крајот на 2024 година.

Ливерпул по гостувањето во Џирона, го чека Фулам, гостува кај Саутемптон во Лига купот, па до крајот на декември игра против Тотенхем, Лестер и Вест хем.

Алисон се враќа, Жота ја зголемува конкуренцијата во нападот, па Ливерпул ќе биде уште посилен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО