Добра ждрепка за Ѓоковиќ на Мелбурн, против двата најтешки ривала само во финалето

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ во првото коло на Австралија опен каде што ќе атакува на 25-та грен-слем титула, ќе игра против тенисер-квалификант, беше решено денеска на ждрепката во Мелбурн.

Ѓоковиќ е бранител на титулата на Австралија опен, и доколку победи во првото коло, во следната рунда би можел да се сретне со Алексеј Попирин или Марко Полманс.

Можни противници во осминафиналето му се Бен Шелтон, Стен Вавринка или Адријан Манарино. Во четвртфиналето најверојатно би имал дуел со Стефанос Циципас, додека во полуфиналето би можел да се сретне со четвртиот носител, Италијанецот Јаник Синер или со Русинот Андреј Рубљев.

Средба со Карлос Алкараз е можна само во финалето, исто како и против Русинот Данил Медведев.

Ѓоковиќ 10 пати триумфираше во Мелбурн, а лани во финалето го победи Стефанос Циципас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО