Фудбалерот на Лил, Адилсон Гомес се чувствува подобро и утринава беше отпуштен од болница, по повредата на главата на натпреварот против Ремс во француското првенство.
Гомес во 11. минута од синоќешниот натпревар се судри со противничкиот играч, Амаду Коне, по што лекарите му пружаа помош на теренот повеќе од 20 минути. Потоа 23-годишниот фудбалер беше изнесен на носилки и префрлен во болница.
Лил синоќа објави дека фудбалерот е свесен, а Гомес денеска додаде дека добро се грижеле за него и оти се чувствува подобро. „Тоа беше лош судир. Вакви работи се случуваат, но најважно е што сум добро”, рекол тој.
Гомес му се заблагодарил на медицинскиот персонал кој му помогнал, како и на навивачите на двата клуба кои го скандираа неговото име додека му се укажуваше помош на стадионот на Ремс. „Поддршката беше огромна. П.С, потсетеме ме повеќе да не скокам во дуелите за топката“, изјави Гомеш.
Лил синоќа го победи Ремс со 2:0, во првиот натпревар од новата сезона во француската Лига 1.