Томас Тухел летово дефинитивно го напушта Баерн Минхен. Одлуката нема да се менува, порачал директорот на Баерн, Јан-Кристијан Дрисен.
– Одлуката мора да ја оцените врз основа на времето кога е донесена. Тогаш бевме во друга ситуација. Сега изгледа поинаку. Нашата цел е да стигнеме до финалето и да се надеваме дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Ако тоа се случи, сите ќе бидеме среќни, а потоа нашите патишта ќе се разделат, изјави Јан-Кристијан Дрисен за германските медиуми.