Динамо Загреб се засилува со Марко Пјаца

Подолго време се зборува за трансферот на хрватскиот фудбалски репрезентативец Марко Пјаца во Динамо Загреб, но, како што изгледа, конечно работата е при крај.

Како што објави „24 часа“, по враќањето од ЕП каде што не настапи, Пјаца е во Максимир на лекарски прегледи, по што, доколку се’ оди според планот, ќе го потпише договорот.

Пјаца минатото лето се врати во хрватскиот фудбал, а по добрата ланска сезона во Риека, која го врати во хрватската репрезентација, се зборуваше за преселба во Динамо.

Според клаузулата во договорот, клубот од Максимир на Риека за Пјаца треба да и плати 1,5 милиони евра. Минатата сезона, 29-годишниот крилен играч за врска одигра 31 натпревар за Риека, постига седум гола и имаше пет асистенции.

Динамо очекува многу од Пјаца во одбраната на домашните трофеи освоени лани, како и на мечевите во Лигата на шампиони (ЛШ).

Пјаца во 2016 година за 23 милиони евра замина од Динамо во Јувентус. По седум години талкање и играње на зеем во повеќе клуови, но и мачејќи се со честите повреди, тој ја ревитализираше кариерата во Риека.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО