Димитријевиќ и Олимпија Милано без трофејот во Купот на Италија

Денеска во финалето на италијанскиот кошаркарски Куп екипата на Олимпија Милано со 79:63 загуби убедливо од Тренто.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Олимпија Милано немаше свој ден.

Нашиот плејмејкер за 12 минути на паркетот запиша само еден поен, еден скок и две асистенции.

Кај неговите соиграчи најдобро се истакна Миротиќ со 20 поени, а на спротивната страна најефикасен беше Форд со 23 поени.

Олимпија Милано останува на осум трофеи во ова натпреварување, додека за Тренто ова е прва куп титула.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО