Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, денес имаше кратка средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата претседателот на МОК упатил честитки за одличната организација на Летните олимписки игри, додека Макрон им посакал успех на нашите спортисти во понатамошниот тек од Олимпијадата.
„Денес претседателот на МОК, Даниел Димевски се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон, заблагодарувајќи се за гостопримството и успешната организација на игрите. Претседателот Макрон ни даде поддршка и ни посака успех во понатамошните натпреварувања на останатите македонски спортисти на Олимписките игри“ се вели во информацијата објавена од МОК.