Дијаз му донесе предност на Реал во реваншот, Сити комотно во Копенхаген

Манчестер Сити не дозволи изненадување на стартот од нокаут фазата во ЛШ. Вечерва беа подобри на гостувањето кај Копенхаген со 3:1.

„Граѓаните“ уште на почетокот ја наметнаа својата агресивна игра, па во 11. минута преку Де Бруин го отворија резултатот. Во 34. минута Матсон изедначи на 1:1, додека пред крајот на полувремето, преку Силва, Манчестер Сити доаѓа повторно до предност.

Конечните 3:1 за Манчестер Сити ги постави Фил Фоден во 92. минута од натпреварот и со овој резултат, Сити значително си ја олеснија работата за во реваншот.

На вториот натпревар вечерва, Реал Мадрид триумфално продефилира на гостувањето кај Лајпциг, а еден момент беше доволен да ја однесат предноста пред реваншот. Голот за победа го постигна Дијаз во 48. минута, па со гол предност, Реал ќе се брани, или ќе напаѓа пред своите гледачи во Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО