Ди Марија и следната сезона во Бенфика

Анхел Ди Марија ќе остане во екипата на Бенфика уште една година. Ди Марија, 36-годишниот играч за врска, ќе потпише нов договор, пренесуваат португалските медиуми.

Претходниот договор на Ди Марија му истече на 30 јуни, но двете страни решија да ја продолжат соработката. Новиот договор официјално ќе биде потпишан по финалето на Копа Америка, во кое ќе учествува и репрезентацијата на Аргентина.

Овој натпревар ќе биде последен за Ди Марија во националниот тим. Минатата сезона во португалскиот шампионат Ди Марија одигра 28 натпревари на кои постигна девет гола и имаше 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО