Џудистот Шерифовски ќе ја претставува Македонија на ЛОИ

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска потврди дека со заедничка одлука на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и на Интернационалната џудо федерација (ИЏФ), и врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија до 81 кг) ќе учествува на Олимписките игри (ОИ) во Париз 2024.

Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки. Ова се трети по ред ОИ на кои учествуваат најдобрите македонски претставници во џудо. Катерина Николовска настапи во Рио 2016, а Арбреша Реџепи на ОИ во Токио 2020.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО