Мајами Хит забележаа пораз на домашен терен од Индијана Пејсерс, 115:128.
Гостите до триумфот ги предводеше Тајрис Халибартон со 33 поени, 15 асистенции и пет скока, Мајлс Тарнер додаде 21 поен и пет скока, а Паскал Сијакам имаше 18 поени и 11 скока.
Мајами го предводеа Келел Веир со 25 поени, Бам Адебајо постигна 20, Тајлер Хиро 17, а Тери Розиер 16 поени.
Најдобриот играч на Мајами Џими Батлер мечот го заврши со девет поени (3/6 од поле), четири асистенции и два скока и украдена топка.
По натпреварот, Батлер изјави дека треба повторно да најде радост на кошаркарскиот терен, а на новинарско прашање дали може да го постигне тоа во Мајами, одговори негативно:
„Веројатно не“, рече Батлер и го објасни своето незадоволство.
„Што сакам да се случи? Да видам како ми се враќа задоволството од играњето кошарка, каде и да е тоа, и ќе дознаеме многу брзо. Среќен сум овде надвор од теренот, но сакам повторно да доминираме некаде. Сакам да играм и да му помогнам на тимот да победи, а тоа не го правам во моментов“, рече Батлер, мислејќи на неговите скромни индивидуални игри.
Последниот забележителен настап на Батлер беше во средината на декември на гостувањето кај Детроит, кога забележа трипл-дабл: 35 поени, 19 скока и 10 асистенции.
Оттогаш на три натпревари не успеа да забележи двоцифрен учинок, а против Оклахома Сити не постигна ниту еден поен.