Џими Батлер ќе го напушти Мајами

Американскиот кошаркар Џими Батлер наскоро би можел да ги напушти редовите на Мајами Хит.

Џими Батлер пропушти голем број натпревари поради проблеми со повреди и оваа сезона за Мајами одигра само 17 натпревари, со просек од 19 поени и 5,4 скока и 4,8 асистенции.

Батлер има 35 години и сезонава заработува 48,8 милиони долари, а самиот треба да одлучи дали да го продолжи договорот на уште една година, во која би заработил 54,4 милиони долари.

Според добро информираниот Шемс Чаранија, Мајами Хит се подготвени да го трејдуваат Џими Батлер.

Еден од тимовите што во моментов се споменува е Далас Маверикс, а се верува дека Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ би добиле тимски колега што им недостасува во трката за шампионската титула.

Батлер е од Хјустон, па би бил блиску до родниот град, но… И Хјустон Рокетс го сакаат Џими Батлер и би сакале да се договорат со Мајами, додека својата шанса ја чекаат и Голден стејт Вориорс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО