Џерард лут на Ливерпул за Чаби Алонсо

Од утринава нема веќе дилеми. Чаби Алонсо и официјално ја презема клупата на Челзи.

Разочарувањето кај навивачите на Ливерпул е огромно. Можеби не толку од Алонсо, туку од раководството на клубот, кое одлучи да го задржи Арне Слот по разочарувачката сезона, а за ова свој коментар има поранешниот капитен на „црвените“ Стивен Џерард.
Легендата на клубот од „Енфилд“ истакна дека разговарал со Алонсо пред да се согласи да дојде во Челзи, обвинувајќи го Ливерпул дека не реагирал побрзо кога миленикот на навивачите го напушти Реал Мадрид.
„Разговарав со Чаби пред сè да заврши и му реков да биде трпелив бидејќи искрено верував дека Ливерпул ќе интервенира во вистинскиот момент. Секој знае што значи тој за овој клуб. Навивачите го обожаваат, тој ја разбира културата и изгледаше како совршено обединување кое само чека да се случи, но фудбалот ако се двоумите, ги губите тие можности“, Џерард не го криеше своето разочарување од епилогот на приказната за Алонсо.
Потоа тој ја насочи вината кон Ливерпул…
„Она што најмногу ме нервира е што Ливерпул не дејствуваше доволно брзо, а Челзи постигна договор пред сè да се промени. И морам да го почитувам Чаби бидејќи тој јасно ми кажа дека веќе ја донел својата одлука. Кога играч ќе го каже тоа, нема ништо што можете да направите. Сепак, боли. Бидејќи не често добивате шанса да вратите некого како него во вашиот клуб. Во фудбалот, времето е сè, а Ливерпул го пропушти тој момент“, Џерард е свесен за пропуштената шанса што ги повредува сите навивачи на Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО