Втора тренерска смена за една недела во Серија А, Џенова и Виеира се разделија

Италијанскиот клуб Џенова официјално го отпушти Патрик Виера од функцијата тренер по серијата лоши резултати во стартот на новата сезона на Серија А.

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Франција и легенда на Арсенал ја презеде функцијата тренер на Џенова во ноември 2024 година. Под негово водство, клубот успеа да се спаси од испаѓање минатата сезона, завршувајќи на 13. место.

Сепак, оваа сезона започна катастрофално: девет натпревари без победа, три ремија и шест порази, со само четири постигнати гола. Како резултат на ова, клубот одлучи да го прекине соработката со Виера. Привремено, функцијата ќе ја вршат Роберто Мургита и Доминико Кришито.

Оваа одлука означува крај на ерата на Виера во Џенова, откако и покрај првичниот успех во спасувањето на клубот, слабата форма во новата сезона го направи неговото останување непристојно за тимот што се бори за опстанок во Серија А.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО