Напаѓачот на фудбалскиот состав Фенербахче, Босанецот, Един Џеко, најверојатно ќе го напушти тимот од Турција, велат последните информации во турските медиуми.
Џеко проценил дека со доаѓањето на мароканскиот репрезентативен напаѓач, Јусеф Ен-Несири, ќе добива драстично помала минутажа.
Интернационалецот од БИХ има неколку понуди од Блискиот Исток како и екипи од Хрватска, посебно од Хајдук Сплит за што интензивно се шпекулира последниве денови во хрватските медиуми.