Дешамп: Повеќе ќе бев загрижен ако Гризман не влегуваше во шанса

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп одговори на прашањето како се чувствува поради фактот што францускиот репрезентативен напаѓач Антоан Гризман не реализираше две чисти шанси за гол на натпреварот од 2. коло од групната фаза на ЕП 2024 со Холандија ( 0:0).

– Повеќе би бил загрижен доколку тој нема шанси. Гризман одигра подобро отколку на првиот меч, но неговата техника малку го изневери, што е невообичаено. Денеска тој беше позициониран повисоко на теренот бидејќи имавме тројца играчи кои играа во средниот ред, изјави Дешамп за „Марка“.

Францускиот тим имаше две чисти шанси за гол на оваа средба. Двете шанси ги имаше токму Гризман, кому соиграчите двапати од непосредна близина му ја даваа топката. Во еден случај напаѓачот ја нагази топката, не можеше да се справи и воопшто не шутираше, во вториот неговиот удар не испадна добар, а голманот на Холандија, Барт Вербруген, успеа да го одбрани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО