Дешам ќе го седне Гризман на клупата, шанса добива Дембеле

Напаѓачот на француската репрезентација и на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ќе биде на клупата за резервни играчи на полуфиналниот натпревар на ЕП 2024 меѓу Франција и Шпанија, објави  „Л’Екип“.

Според весникот, во полуфиналето со Шпанија, селекторот на Франција, Дидие Дешам планира уште од првите минути да се потпре на крилниот напаѓач, Осман Дембеле, а Гризман ќе биде на клупата за резерви. Се дознава и дека во напаѓачката тројка со Осман ќе бидат Килијан Мбапе и Рандал Коло Муани.

Гризман беше стартер во четвртфиналната средба со Португалија (0:0, 5:3 пенали), но во 67. минута беше заменет со Осман Дембеле, кој ја доби наградата за најдобар играч на натпреварот.

Претходно Гризман настапи сите пет натпревари на „триколорите“ на ЕП, но не беше на висината на задачата. Полуфиналниот натпревар Шпанија – Франција ќе се одигра утре во Минхен, од 21 часот.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО