Пробата за свеченото отворање на Олимписките игри (ОИ) 2024 ќе се одржува денеска во Париз, на реката Сена на кое ќе се појават дел од учесниците на дефилето. со чамци кои ќе ги превезуваат делегациите на земјите учеснички, пишува „Л’Екип“.
За првпат во историјата свеченото отворање на Игрите, место на стадион, ќе се одржи на отворено, на реката Сена, на 26 јули. На парадата ќе учествуваат 180 бродови од кои ќе се емитува светлечко шоу. На 94 од нив ќе се сместат 10.500 спортисти кои ќе учествуваат на натпреварите.
Креативниот директор на ОИ во Париз, Тиери Ребул, истакна дека од првите тестови пред речиси една година па досега, организаторите сериозно „работеа на телекомуникацискиот систем на чамците“.