Денес стартува четвртфиналната програма на ЕП во Германија

Четвртфиналната програма од ЕП ни носи натпревар на двете селекции со најмногу трофеи во историјата на ЕП – Шпанија и Германија.

Денес ќе ја проследиме и пресметката на двете репрезентации со неверојатни состави од 21 часот Португалија и Франција.

Од друга страна, сите очекуваат полуфинале меѓу Англија и Холандија, но прво треба да се сретнат со репрезентациите кои покажаа дека никој не им е фаворит – Швајцарија и Турција.

За потсетување Европското првенство се одржа прво во шест четиричлени групи од кои во осминафиналето се пласираа по двете најдобри селекции, а таму заминаа и четирите најуспешни третопласирани селекции.

РАСПОРЕД:

петок, 5 јули

18 часот: Шпанија – Германија

21 часот: Португалија – Франција

сабота, 6 јули

18 часот: Англија – Швајцарија

21 часот: Холандија – Турција

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО