Демирал го даде најбрзиот гол во нокаут фазата на сите ЕП

Мерих Демирал, стоперот на Турција, стана национален херој. Тој ги постигна двата гола за победа над Австрија (2:1) во осминафиналето на Европското првенство (ЕП).

Првиот гол на турскиот репрезентативец, постигнат во 57-та секунда, е најбрзиот гол во нокаут фазата во истортијата на Европските првенства (ЕП).

Демирал на тој начин забележа и историски подвиг, стана првиот одбранбен играч кој постигнал два гола во нокаут-фазата на едно големо натпреварување. Претходно Лилијан Турам ги даде двата гола за победата на Франција над Хрватска, 2:1 во полуфиналето на Светското првенство (СП) 1998 година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО