Дејвис надвор од терените неколку месеци

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, претрпе оштетување на лигаментите на левата рака, објави инсајдерот Шамс Чаранија на социјалните мрежи.

Триесет и двегодишниот Американец според првичните прогнози ќе биде надвор од терените неколку месеци доколку му е потребна операција.

Наскоро ќе му бидат извршени дополнителни медицински прегледи.

Оваа сезона, Дејвис играше во 20 натпревари од регуларната сезона на НБА и веќе пропушти дел од сезоната поради повреди.

Дејвис во тековната сезона има просек од 20,4 поени, 11,1 скока и 2,8 асистенции.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО