Дејвис: Мечот во Битола е многу важен за нас

Тренерот на Динамо Букурешт, Давид Дејвис Камара, добро знае како е да се игра во Битола и потенцираше дека за нив ова е клучен натпревар.

– До крајот на групната фаза има уште три натпревари, а нам ни требаат два бода за да обезбедиме пласман во следната фаза. Затоа овој натпревар е клучен за доближување на нашата цел.

Ако ја погледнеме ситуацијата на табелата, Еурофарм Пелистер е наш директен конкурент. Свесни сме за важноста на овој натпревар и спремни сме да се бориме за бодовите, рече поранешниот тренер во Вардар.

Средбата во Битола е закажана за в четврток со почеток од 20:45 часот. Динамо Букурешт е на петтата позиција со десет бода, додека Пелистер е седми со шест бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО