Рома синоќа успеа да се избори за осминафинална рунда во Лига Европа, против Феенорд, кој не го добија во регуларните 90 минути, па тоа мораа да го прават преку пенал серијата.
Тоа беше драматична ноќ на „Олимпико“, за која Даниеле Де Роси по натпреварот се пошегува дека за малку не добил срцев удар и дека ова бил вистинскиот начин на кој Рома треба да победува.
– Неверојатно е ова за сеќавање што се случуваше на Олимпико. Ова е мојата прва европска ноќ со Рома како тренер. Среќен сум како заврши натпреварот, мислам дека судејки по се, ова е заслужено. Ова беше вистински начин на тоа како Рома треба да победува, предизвикувајки кај навивачите срцев напад, но и кај мене. Не сме грдото пајче во Европа, еве почнавме да победуваме, добар сме тим и играме на добар стадион, јас сум пресреќен, порача Даниеле Де Роси.
Него го прашаа и за иднината, односно дали и по крајот на сезоната се гледа со Рома, иако договорот им е до крајот на сезоната.
– Засега сум овде, среќен сум, друго ништо не е важно, порача Де Роси.
tutto qui
GRAZIE ROMA#RomaFeyenoord pic.twitter.com/5SxVF1nIaX
— clarissa insolia (@avvclarinsolia) February 22, 2024