Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, како што тврдат италијанските медиуми, размислува да го ангажира тренерот Стефано Пиоли, кој најверојатно ќе го напушти Милан ова лето.
И покрај тоа што има договор до јуни 2025 година, италијанските медиуми објавија дека се очекува Пиоли да го напушти „Сан Сиро“ на лето. Како можни замени се споменуваат Антонио Конте, Хулен Лопетеги и Тиаго Мота.
Како што пренесува „Ил Матино“, Де Лаурентис го почитува Пиоли и размислува да го ангажира по завршувањето на сезоната наместо Валтер Мацари.
„Претседателот на Наполи ја цени флексибилноста на тренерот, менаџерските способности и успехот на клупата на Милан“.
Прблем за евентуалниот ангажман може да претставува платата на Пиоли. Тој во Милан заработува четири милио и евра по сезона, повеќе отколку што се навикнати во Наполи.
За илустрација Лучано Спалети во шампионската година имаше плата од 2,8 милиони евра, а неговиот наследник Руди Гарсија три милиони евра.