Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис најави изградба на нов стадион за клубот. Според него, планот е да се изгради нов објект во областа Бањоли.
– Нема да го реконструирам стадионот на кој играме. Ќе изградам нов во Бањола, изјави првиот човек на се уште актуелниот шампион на Италија.
Темата за реновирање на стадионот на Наполи е актуелна поради лошата состојба на теренот.
Италија заедно со Турција се подготвува за организација на ЕП во 2032 година, па и требаат што повеќе модерни стадиони.