Де ла Фуенте: Шпанија ќе го игра својот фудбал, без провокации

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, пред финалето на СП против Аргентина изјави дека неговиот тим мора да остане доследен на својот стил на игра, бидејќи токму тоа ќе ги доближи до освојување на титулата.

Финалниот натпревар ќе се игра во недела во 21:00 часот.

„Многу сум смирен и убеден дека ако останеме доследни на идејата што нè доведе овде, ќе бидеме поблиску до остварување на нашата цел. Имаме голем фудбалски потенцијал.

Не би се чувствувале пријатно во расправии или провокации.

Знаеме да играме фудбал, да ѝ дадеме смисла на нашата игра кога ја имаме топката, а кога ја немаме – да бидеме дисциплинирани, агресивни и брзо да ја вратиме во наш посед“, рече Де ла Фуенте.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО