Де ла Фуенте: Се уште не сте ја виделе најдобрата Шпанија

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте вели дека Шпанија се уште не го покажала најдоброто од себе на ова ЕП.

– Нашите игри беа добри. Ги добивме натпреварите затоа што игравме многу добро. Кога противниците почнуваат да разбираат како играме, тие го менуваат нивниот одбранбен пристап за да го минимизираат нашиот потенцијал. Мислам дека сè уште не сме ја виделе најдобрата верзија на Шпанија. Сите бевме сведоци на изненадувања во фудбалот и тие ќе продолжат да се случуваат. Грузија ја победи Португалија. Сè може да се случи на еден натпревар. Мораме да бидеме на највисоко ниво за да победиме, изјави Де ла Фуенте.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО