Де Кетеларе е играч на Аталанта

Белгискиот фудбалер, Шарл де Кетеларе кариерата ќе ја продолжи во Аталанта. Клубот од Бергамо, актуелен освојувач на Лига Европа, реши да го откупи неговиот договор од Милан.

Де кетеларе, пред две лета пристигна во Милан од Клуб Бриж за 36.000.000 евра, но на „Сан Сиро“ не успеа да покаже квалитет.

Следеше позајмица во Аталанта минатото лето, каде одлично се вклопи во системот на Џанпјеро Гасперини. Белгиецот беше важна алка за сите успеси на Аталанта оваа сезона.

Тоа беше доволно клубот од Бергамо да го задржи и да плати 26.000.000 за неговите услуги, додека Милан исто така ќе добие 10 отсто од следната продажба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО