Де Геа прави уште еден обид да се врати во фудбалот

Откако го напушти Манчестер Јунајтед, голманот Давид Де Геа нема ангажман и е слободен агент.

Но како што стојат работите, тој наскоро би можел да се врати и тоа на позната локација. Се верува дека неговиот агент имал договор за трансфер со Џенова, од каде го барале Де Геа.

Очигледно овој голман нема планови за повлекување од фудбалот, па ќе направи уште еден обид да дојде до добра позиција во новиот клуб.

Тој потекнува од академијата на Атлетико Мадрид, од каде и беше купен во 2011 година од Алекс Фергусон за тогашни 16 милиони фунти, а тој во иднина напредуваше до максимум и освои важни трофеи со Манчестер Јунајтед.

Најновите информации се дека Де Геа би можел да ја засили Џенова, која остана без голманот Мартинез, кој замина во Интер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО