Шпанскиот голман Давид Де Хеа, по потписот со Фиорентина, отворено зборуваше и откри дека не размислувал за пензионирање.
Де Хеа (33) ја пропушти цела сезона, размислувајки кој ќе биде неговиот потег по Манчестер јунајтед. Многумина веруваа дека по пропуштената сезона, тој ќе најави повлекување од фудбалот, но сепак, тој реши да заигра, а сезонава ќе игра во Серија А.
– Никогаш не размислував за пензија. Манчестер јунајтед е врвен клуб кој останува во моето срце, секогаш ќе бидам со нив. Никогаш не размислував за повлекување.
Ми беше тешко да пронајдам мотивација за ново поглавје во животот и во кариерата по 12 години минати во врвен клуб. Но на крајот, се решив за Фиорентина, порача Давид Де Геа.
Тој за Манчестер јунајтед бранеше од 2011 до 2023 година, на 545 меча.