Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марзио, го потврди трансферот на Бојан Миовски во Џирона и практично откри зошто македонскиот интернационалец се решил за трансфер во Шпанија.
Откако успешно ги бранеше боите на Абердин, Миовски сметаше дека е вистинско време за следниот чекор во кариерата и тој чекор ќе го направи во Примера.
Претходно Џирона го ослободи својот фудбалер Двобик, кој се пресели во Рома, па таа позиција остана испразнета и на крајот се решија за Миовски.
Џирона беше среќна што можеше да му понуди пласман во ЛШ на Бојан Миовски, а тој според Романо, не се колебал премногу и ја прифатил истата.
Несомнено дека Миовски ќе остане запаметен во шкотскиот клуб како добар голгетер, а ќе биде сигурно и еден од најскапо остварените трансфери на овој клуб.