Дарко Панчев за „Газета дело Спорт“: „Црвена ѕвезда ми е апсолутно се’ во животот“

Фудбалерите на Црвена звезда вечерва од 21 часот му гостуваат на Интер во Милано, во второто коло од лигашкиот дел на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Црвено-белите“ ќе бидат на голем тест на „Сан Сиро“, а човекот кој во кариерата го носеше дресот на двата клуба, Дарко Панчев, легендарниот македонски фудбалер пред мечот говореше за „Газета дело Спорт“.

Панчев е легенда на Ѕвезда, додека во Интер го гледаат како промашување. Тој истакнува дека Ѕвезда му е се’ во животот.

– Јасно е за кого навивам: Црвена ѕвезда, како и Вардар, македонскиот клуб во кој пораснав, ми се апсолутно се’. И тука не мислам само на фудбалот, туку на животот. Ѕвезда ме научи како да постојам на овој свет, рече Панчев.

Што се однесува до Интер…

– Дарко Панчев не е огорчен или лут на Интер, тоа не може да биде. Интер е големо име кое заслужува почит. Институцијата беше тогаш, сега е и секогаш ќе биде, и без разлика на се’, среќен сум што играв таму.

Сепак, како што вели, не е единствениот виновен за лошата среќа во дресот на Интер…

– Не сакам да именувам луѓе, но поединци ме саботираа одвнатре. Директори кои биле на високи позиции, несоодветни и неспособни. Не ја платив само јас таа цена, туку целиот клуб.

Погледнете само колку време им требаше за да се вратат на врвот. Масимо Морати мораше да биде трпелив и да чека 15 години пред да успее навистина да ја промени организацијата, таа лоша атмосфера, внатрешна декаденција, губење на менталитетот.

Се промени само со „маестро“ Манчини. Не сум само јас, туку во мое време многу луѓе брзо си заминаа и направија добри кариери во други клубови.

Во тоа време Интер имаше повеќе репрезентативци …

– Сите беа соиграчи од репрезентацијата. И затоа се скарав со (тренерот) Бањоли и клубот, но не сакам да се навраќам на тоа. Сакам да се сетам на големиот Тото кој не напушти прерано. Тој беше многу добар човек, одличен играч. Се боревме за дресот, но секогаш се почитувавме.

Тој го прокоментираше и тимот на Ѕвзда за натпреварот…

– Млад, гладен тим со светла иднина. Немојте да се изненадите ако за неколку години ги видите на врвно ниво. На Балканот никогаш ќе нема недостиг од таленти, но економските слабости ги забавуваат резултатите.

Сега се инвестира во инфраструктурата и тоа ќе донесе резултати. Тимот на Милојевиќ е брз, организиран и во согласност со традицијата на Звезда од нејзиното основање, секогаш офанзивен. Тие секогаш сакаат гол повеќе

Сепак, како што вели, Интер е фаворит …

– Интер е фаворит, тоа треба да се прифати, иако никогаш не се знае однапред. Но, без разлика на резултатот, на голема сцена како „Сан Сиро“, важно е да се игра достоинствено и со почит.

За жал ќе им недостига Иваниќ, најдобриот играч, тој е прекрасен плејмејкер кој знае да шутне и да асистира, изјави Панчев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО