Данскиот новинар за кавгата со Клоп: „Се’ е во ред, нема никаков проблем“!

Данскиот новинар Нилс Кристијан Фредериксен инсистира дека не постои „апсолутно никаков проблем“ откако се конфронтира со Јирген Клоп по поразот на Ливерпул од Манчестер јунајтед (3:4) во ФА купот.

Снимката на која менаџерот на Ливерпул луто го завршува интервјуто со Фредериксен по натпреварот за „Виаплеј“ стана вирална на социјалните мрежи во неделата вечерта. „Што не е во ред со тебе? Клоп го праша интервјуерот.

Фредериксен вели дека препирката продолжила и откако камерите престанале да снимаат.

– Тоа продолжи и по она што беше видено на телевизија. Тој продолжи по ходникот, каде што викаше и врескаше по мене. Јас го следев бидејќи се’ ми беше чудно, изјави Фредериксен денеска за данскиот спортски магазин „Типсбладет“.

Клоп беше фрустриран од прашањата во врска за интензитетот на играта на неговиот тим за време на поразот од Јунајтед на „Олд Трафорд“.

– Абе ајде, очигледно не си во добра форма, немам нерви за тебе, му рекол тој на новинарот завршувајќи го интервјуто предвреме…

Тоа јас го толкувам најмногу како израз на неговата страшна фрустрација затоа што загубија од Манчестер јунајтед, особено на начинот на кој тоа се случи. Двапати беа во предност и требаше да ја завршат работата, вели Фредериксен.

Го прашав зошто немаше интензитет во нивната играта, а тој потоа „пукна“, додаде Фредериксен.

– Тоа е во ред. Немам апсолутно никаков проблем со тоа. Ќе нема апсолутно никакви проблеми и во иднина. Кога повторно ќе го интервјуирам, сè уште ќе бидеме добри пријатели, професионално гледано. Мислам дека тој не држи лутина, јас секако не, рече Фредериксен.

Данецот исто така ги отфрли сугестиите на социјалните мрежи дека коментарот на Клоп „очигледно не си во одлична форма“ бил во врска со неговата тежина.

– Не, не, не, тоа воопшто не го мислеше. Прво, немам вишок килограми, а и да имам, тој никогаш, ама баш никогаш, не би го кажал тоа. Клоп не е таков, воопшто не е злобен. Мислеше дека не сум во состојба и не оти не сум способен да поставувам прашања. Немаше ништо друго, истакнува Фредериксен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО