Чудо во ЛН: Најлошата репрезентација на светот е на два натпревара до СП 2026!

Сан Марино најлошата репрезентација на светот според ранкингот на ФИФА, каде што е на последното, 210. место, селекцијата што ја претставува членката на УЕФА со најмала популација (35.000) слави историски успех.

Со победата над Лихтенштајн од 3:1, што е нивна втора победа на официјален натпревар во историја (првата беше исто така против Лихтенштајн (1:0) во септември), Сан Марино обезбеди пробив од најниската, четврта лига на Лигата на нации (ЛН) во третата.

Но, пробивот во Лига Ц во ЛН не е се’ што успеа да стори Сан Марино со оваа победа за најголемиот фудбалски успех во историјата на таа земја.

Платформата специјализирана за фудбалска статистика (Football Meets Data), открива што изгледа речиси неверојатно: „Сан Марино би можел да биде на само два натпревара од квалификациите за Светското првенство (СП) 2026 година!“ и објаснува како тоа е можно.

– Четирите најдобри победници во групите во ЛН, кои не завршуваат на едно од првите две места квалификациската група за СП, ќе играат во плеј-офот за СП. Ако во квалификациите за СП првите две места во групите ги заземат репрезентациите од првиот и од вториот шешир (очекувано), местата во плеј-офот би им припаднале на Македонија, Северна Ирска, на Молдавија и Сан Марино.

ФМД додава: „Кога репрезентацијата ќе стигне до плеј-офот, има само два натпревара до Мундијалот. А, не мора ни да победи, затоа што и се доволни две нерешени и пенали!“

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО