Член на „Дрим-тимот“ отпадна за Олимписките игри

Американскиот кошаркар Кави Ленард ќе ги пропушти Олимписките игри во Париз.

Главен кандидат да го замени во тимот е првотимецот на Бостон Селтикс, Дерик Вајт.

Образложението зад одлуката на Ленард е донекаде нејасно, бидејќи тој се справуваше со повеќе повреди во текот на годините, вклучително и проблем со коленото.

Американската репрезентација и ЛА Клиперс утврдија дека е во негов најдобар интерес да одмори ова лето.

 

 

 

Ленард е двократен НБА шампион, а член на Клиперс е од 2019 година. Пред тоа го носеше дресот на Сан Антонио и Торонто.

Двапати беше МВП на финалето, шест пати учесник на Ол-стар, три пати избран во идеалната петорка, додека во два наврати беше најдобар дефанзивец на годината.

 

Америка на Игрите ќе игра во група со Србија, Јужен Судан и Порторико.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО